Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Доаѓаат обилни дождови и грмежи – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Наутро ќе биде посвежо, а краткотрајно врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места, особено во западните делови. Претпладне врнежите наместа ќе бидат пообилни, а кон крајот на денот ќе престануваат. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер и проследени со ретки грмежи.

Прогноза за 06.03.2024
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 07.03.2024
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и со пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 08.03.2024
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +