Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил и мотор се судрија во Скопје, мотоциклистот заврши во болница

Вчера, во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(51) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(22) од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК