Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Толку од убавото време, доаѓа ЦИКЛОН кој носи драстична промена – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на циклонска активност утре попладне и во вторник ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни ( од 20 до 40 л/м2) со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер ( над 70 км/час). Во вторник врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Дневната температура во вторник ќе биде во опаѓање. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.

Прогноза за 05.03.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Oблачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни (од 20 до 40 l/m2), а на планините со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 06.03.2024
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 07.03.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа пообилни со пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК