Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Тмурно време, темни облаци и поројни дождови ќе ја сардисаат Македонија, некаде ќе има и снег: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег.

Прогноза за 03.03.2024
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 04.03.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 05.03.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а на планини од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК