Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

19-годишник со „фолксваген“ со италијански таблички прегази пешак во Чаир, повредени и двајца малолетници во автомобилот

Вчера, во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“, пред крстосница со ул.„Адем Демачи“, патничко возило „фолксваген“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(19) од с.Арнакија, скопско, удрило во пешакот С.Х.(49) од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +