Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против полициски службеник за „загрозување на сигурноста“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против И.И. од Македонска Каменица, полициски службеник во Полициското одделение Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик, односно дека упатил закани кон лице од Македонска Каменица.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеници поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР, а изречена е и мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Можеби ќе ве интересира

Попов: Студентската картичка со низа поволности за студентите, покрај досегашните вложувања во образованието, студентскиот стандард и вработувањето на младите

ДЕСК

Анализа: Мицкоски започнува директни средби со граѓаните низ целата држава

ДЕСК

Мицкоски: Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии

ДЕСК