Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ништо лошо нема да ја снајде земјата од првиот претседател Албанец, Мицкоски ја игнорира европската иднина на граѓаните, оценува ДУИ

Изјавата на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека идејата на Демократската унија за интеграција треба да се игнорира, покажува слабост, нeсигурност и не соодветствува со политичката реалност во државата, оценуваат од оваа партија.

„Откако постојано ги игнорира пораките од САД, Европската унија и пријателските земји за уставни измени, тој сега бара да се игнорира и барањето на ДУИ и целосно легитимното право на граѓаните за претседател на државата.

Со оваа недемократска доктрина на етнички поделби и со изолирачкиот пристап кон САД и ЕУ, ВМРО ДПМНЕ ја загрозува европската иднина на граѓаните на државата.

На ВМРО и на Мицкоски им пречат демократските и европските ставови и мисии на ДУИ, им пречи еднаквоста воспоставена со Охридскиот договор, им пречи секоја кауза иницирана од ДУИ за европска Македонија, која може да биде таква само како земја која дава еднакви можности за сите“, истакнуваат во реакцијата.

Мицкоски и ВМРО, како што велат од ДУИ, секојдневно презентираат и ветуваат на јавноста неостварливи и невозможни идеи, но најзагрижувачко е што за ВМРО има и други алтернативи освен Европската Унија.

„Демократската унија за интеграција останува посветена на реализација на своето програмско барање за избор на претседател на државата со 2/3 од гласовите во Собранието и со Бадентерово мнозинство. Ништо лошо не ја снајде нашата земја од институционалната факторизација на Албанците, ништо лошо нема да ја снајде и од првиот претседател Албанец.

Игнорирањето на ова сосема легитимно право е отворена поддршка за руската пропаганда, чиј телал кај нас станува ВМРО ДПМНЕ со тоа што не се дистанцира од Русија и не се позиционира кон Европа“, потенцираат од ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК