Centar.mk
БИЗНИС

Русија забрани извоз на бензин

Руската влада планира да воведе привремена забрана за извоз на бензин почнувајќи од 1 март.

Оваа одлука е донесена со цел да се изедначи зголемената побарувачка во пролетната и летната сезона, изјави за ТАСС портпаролот на вицепремиерот Александар Новак.

„Можеме да ја потврдиме оваа информација“, рече портпаролот.

Според ТАСС, оваа одлука е неопходна за да се компензира зголемената побарувачка за време на летните одмори, работата на терен и планираните ремонти во рафинериите.

Ограничувањето нема да важи за земјите-членки на Евроазиската економска унија и за Јужна Осетија, Абхазија, Монголија и Узбекистан.

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПОВТОРНО СО ТРАКТОРИ НА ПАТИШТАТА – Најавен протест кај пристаништето Волос

ДЕСК

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

ДЕСК

МОК со поддршка за училишниот спорт: донација на спортска опрема за СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“

ДЕСК