24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде што беше запрашан за коментар за тврдењата на Социјалдемократскиот сојуз дека ја зголемиле просечната плата.

Мицкоски истакна дека тоа се нивни кажувања, но реалноста е сосема друга и дека македонските граѓани имаат се помалку пари и се полошо живеат, истакнувајќи дека пред неколку години со помалку пари граѓаните поубаво живееле.

Како пример, Мицкоски ја зема цената на чинење на четвртина бурек со јогурт, посочувајќи дека пред неколку години можеше да се купи за 50 денари, додека сега истото чини 120 денари.

„Тие условно велат така, но исто така, добро е да ги потсетиме дека четврт бурек со јогурт пред неколку години беше 50 денари, сега е 120 денари. Македонија е убедливо меѓу врвните држави кога станува збор за криминалот и корупцијата, според просечната плата и пензија сме на дното, според степенот на мизерија сме, исто така, на врвот и така натаму. Нема ниту еден индикатор кој што оди во прилог на ова тврдење на СДСМ и ДУИ и поради тоа, за многу кратко време од денеска, народот ќе даде одговор на сите овие лажни пораки и на СДСМ и на ДУИ“, рече Мицкоски.