8.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски ја праша опозицијата кое им е мислењето за уставното име: Или Северна или никогаш Северна, ако си маж, биди маж до крај

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека рокот на траењето на патните исправи за меѓународна употреба е согласно закон, усогласен со законот за ратификација на договорот со Грција.

Како што објасни тој, патните исправи не се потребни во државата туку за странство и без да биде тоа усогласено со тие со коишто е потпишано, менувањето на законот во државата нема да промени ништо, бидејќи, вели, на вас ви треба патна исправа за патување во странство, а не за дома.

„Ако успее да обезбеди Владата, согласност од земјите членки на ЕУ, од другата потписничка страна, тогаш може да се разговара и за тоа, но јас не слушнав изјава од ниту една институција во ЕУ, од ниту една институција во Грција, коишто се подготвени да го анулираат договорот во делот на важењето на патните исправи“, рече Ковачевски.

„Сите ресурси во МВР и другите институции задолжени за менување на патните исправи треба да бидат насочени кон што побрзо завршување на овој процес, стигна нова пратка обрасци за пасоши, треба да дојде уште една. Тоа треба да го завршиме и тоа прашање да се затвори“, додаде Ковачевски.

Тој кажа дека досега има разговарано со голем број претставници во Грција, и во тој дел Грција има став кој вели дека договорот треба да се почитува, особено во делот на користењето на уставното име.

„Секогаш изразувле став во односн на непочитување на договорот од наша страна кога на официјални средби, состаници, претставници на Северна Македонија не го користат уставното име на државата и ги менуваат натписите на меѓународни конференции. Ние како општество мора да одлучиме што правиме во институциите, пред граѓаните и надвор од државата. Со популизам ништо не се постигнува. ВМРО-ДПМНЕ велат договорот со Грција е реалност, велат дека дента кога ќе дојдат ќе го сменат уставното име и ќе го вратат старото име, но гледате дека договорот е реалност, и треба да се почитува. Сакајќи да покажат колку се они големи патриот кога ќе излезат надвор од државата, ќе видат натпис Северна Македонија, и ќе го бришат со пенкало. Сме ја гласале преговарачката рамка во Собранието, сме покажале храброст и визија, другата страна треба да покаже храброст.

Ако сте против Договорот од Преспа, нека излезат нека кажат ние сме против Договорот од Преспа, ако сте против преговарачката рамка кажете да ние сме против преговарачката рамка. Нека не биде како што беше со територијалната поделба, правеа хистерија во општеството, правеа референдум, дојдоа на власт, ништо, не ја сменија територијалната поделба.

Ако си маж биди маж до крај. Не на една страна добар ден со грчката амбасадорка пред знаме и натпис на Северна Македонија, а од друга страна „Никогаш Северна“. Ако си против нешто кажи дека си против, ако си за, кажи дека си за нешто, не од сабајле е против, попладне е за, навечер изјава не знаеш ни дали е за ниту дали е против. Кое е мислењто на опозицијата за уставното име на Северна Македонија“, праша Ковачевски.