24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Дожд и ветер во најава – Метеоцентар со детална прогноза за следните неколку дена

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено утре. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

Прогноза за 25.02.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 26.02.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно, претпладне со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 27.02.2024
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Спонзорирано: