25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

На келнерката и оставил бакшиш од 9000 долари, приказната е неверојатна. Таа на крајот доби отказ!

За својот појадок, за кој сметката била 32 евра, маж по име Марк во кафулето „Мејсон Џар“ во Мичиген оставил бакшиш од дури 10 илјади долари (околу 9 илјади евра).

Денот на келнерката Линзи Бојд не можеше да започне подобро. Во САД вообичаено е да се остави бакшиш во износ од 15 до 20 отсто од сметката. Кафулето Бентон Харбор се пофали со дарежливиот бакшиш во објавата на Фејсбук на почетокот на февруари, која подоцна ја избришаа.

За да се увери дека не е грешка, менаџерот на кафулето му го посочил на човекот.

– Разговарав со него и тој сакаше да го направи тоа – изјави Тим Свини за весникот The Hill.

Свини ја дозна и причината за дарежливиот бакшиш. Мистериозниот Марк бил на погреб на пријател и сакал да му оддаде почит и да го разубави нечиј ден, откри Свини за Детроит Фри прес.

Дарежливиот гест брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика голема сензација. На барање на човекот бакшишот го поделиле на вработените.

Но, една недела подоцна, уште една вест од ресторанот предизвика бура: келнерката која го послужи овој гостин доби отказ. Се шушка, вели келнерката, дека келнерите кои не работеле тој ден го сакале својот дел од бакшишот. Сопственикот на кафулето објасни дека отказот не е поврзан со бакшишот, туку дека тоа е „деловна одлука“. Ресторанот оттогаш е преплавен со негативни критики.

– Повеќе луѓе отколку што можам да избројам мислеа дека требаше да ги задржам сите пари и да не ги поделам. Таа мисла никогаш не ми падна на ум, но ретроспективата е секогаш 20/20. Еве сме една недела подоцна и јас сум без работа. Бев подготвена да дадам бакшиш од 10.000 долари, но ме дочекаа омраза и гласини. Овој неверојатен чин на добрина извади некоја сериозна грдотија и се е моја вина – напишала Линси Бојд, пренесува Independent.