Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Измамена жена од Охрид, платила 5.000 евра за работа во странство

Вчера во 11.20 часот во СВР Охрид, 52-годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 евра, извести МВР.

„Според пријавеното, во септември 2023 година на веб страна таа забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое и ветило работа во хотел и притоа ѝ ги побарало парите за уплата за работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување за подолг период, депозит за стан и сл. Како што е пријавено, таа ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот од каде што била известена дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

C +

Инвертер клими за ранливи домаќинства — објавен јавен повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија

C +