Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Измамена охриѓанка, платила за огрев, не добила ниту дрва, ниту и ги вратиле парите

Вчера во 16,20 часот во СВР Охрид, 62–годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 14.000 денари, извести МВР.

„Според пријавеното, околу 13.30 часот во нејзниот дом дошло лицето и ѝ понудило огревни дрва, а откако се договориле таа му ги дала парите, по што лицето заминало. До приjавувањето на настанот, лицето не ги донело дрвата и не ги вратило парите, по што таа се посомневала дека е измамена“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +