21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Времето се менува – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот наместа засилен ветер од јужен правец. Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник.

Прогноза за 23.02.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 24.02.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 25.02.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Спонзорирано: