Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ СВЕТИ ТЕОДОР СТРАТИЛАТ: Се верува дека ќе ве заштити од неволја ако го направите ОВА

Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода

Православната црква и нејзините верници денеска на 21 јуни го слават Светиот великомаченик Теодор Стратилат, светец од IV век за кој пишувал и владиката Николај Велимировиќ.

Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода и градоначалник на градот Ираклија во моментот кога решил да го остави сето свое богатство и моќ и да стане христијанин, иако знаел дека тоа ќе го чини живот.

Откако ги соборил политеистичките идоли во својот роден град, го налутил гневот на императорот Ликиниј, кој наредил светителот да биде уапсен и изложен на страшни маки.

После тоа свети Теодор бил камшикуван, распнат на крст, стрелан со стрели и на крајот убиен. Во христијанското предание се споменува дека за целото време на мачење постојано велел – Слава Ти Боже мој, слава Ти!

Свети Теодор почина во 319 година пред да ја види победата на христијанството и неговото прогласување за официјална религија на Римската империја. Неговите мошти биле пренесени од Евхаита во Константинопол и погребани во црквата Блахерни.

За овој светител во „Охридскиот пролог“ го напишал и владиката Николај Велимировиќ:

„Постои мачеништво поскапоцено од скапоценото. Скапоценоста на мачеништвото зависи од големината на богатството што христијанинот го напушта и на негово место добива страдање; и зависи и од големината на страдањето, кое тој го поднесува заради на Христос“.

Бидејќи и самиот бил војник кој ризикувал сè, Светиот великомаченик Теодор Стратилат денес се смета за заштитник на војниците. Се верува дека ќе ги заштити од секаква неволја доколку му се молат и побараат помош.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ОБЛАЦИ, СОНЦЕ И ДОЖД – УХМР објави какво време нè очекува до крајот на денот

ДЕСК

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

ДЕСК

Филипче: Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?

ДЕСК