Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсена кумановка, крадела во продавница во Струга

Вчера во 10.10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ја привеле 23-годишната В.И. од Куманово, извести МВР.

„Таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот“, соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против В.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Соседска расправија што ескалираше: Напад со тврд предмет во Скопје

ДЕСК

Немирна вечер во Скопје: Расправија заврши со насилство

ДЕСК

Одбивањето скапо го чинело: Таксист нападнат во Центар

ДЕСК