Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран со потерница

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (19 февруари) околу 19 часот и 40 минути на улица „Љуботенска“ во Тетово го привеле 31-годишниот тетовец С.Џ..

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на двегодишна затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК

Претреси низ Македонија – лишени од слобода две лица

ДЕСК