Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Кавадарци, одземеното вратено на сопственикот

На 19.02.2024 во 16 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(28) од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба во паркирано патничко возило „цитроен“ со светиниколски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(27) од Кавадарци, при што одзел повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Д.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК