Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетници со автомобил излетаa од патот и удриja во паркирано возило, едно од децата е тешко повредено

Вчера на регионалниот пат Гостивар – Градец, на излезот од селото Неготино, „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од малолетник од гостиварско Сенокосе, излетал од коловозот и удрил во паркирано товарно возило „рено“ со гостиварски ознаки, сопственост на жител од Неготино, објави СВР Тетово.

Во несреќата, возачот се здобил со телесни, а неговиот малолетен сопатник од истото село со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ ЌЕ ПОРАСНАТ, НО НЕ ДОВОЛНО: Дали инфлацијата ја „изеде“ мартовската илјадарка која треба да биде исплатена во април?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Значителна промена на времето, подгответе се за дожд, а деновиве и снег

ДЕСК

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК