Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мадиќ од Загреб: Внимателно да се следат ризиците за појава на корупција и да се преземет мерки за нивна превенција

Заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ се обрати и на вториот ден на меѓународната конференција која се одржува во Загреб „Иднината на проширувањето на ЕУ: правосудство и темелни права“.

Говорејќи за корупцијата, Мадиќ посочи дека ефикасната превенција и борбата против корупцијата подразбира заштита на јавниот интерес и вредностите на демократското општество, а за таа цел и јакнење на интегритетот во институциите.

,,Од примарна важност е обезбедувањето на условите за јакнење на интегритетот на човечкиот фактор во судството, јавното обвинителство и јакнење на системот за одговорност и транспарентност, во согласност со принципите на владеење на правото. Оттука, неопходно е внимателно да се следат ризиците за појава на корупција,проактивно да се спроведуваат активности за превенција на корупцијата и
да се реализира бескомпромисна политика на репресија на корупцијата “,порача Мадиќ.

Комплексноста и софистицираноста на современите форми на корупција, развиени како резултат на глобалниот општествен и технолошки развој, нè повикува на градење иновативни стратегии за ефективна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата, со вклучување на современи алатки.

Во Република Северна Македонија воспоставена е сеопфатна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата.

Во правната рамка за спречување на корупцијата во поголем обем се вградени меѓународните стандарди и добри пракси.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК