23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Не сака ниски температури: Неколку совети зошто лимоните не треба да се чуваат во фрижидер

Чувањето лимони во фрижидер на прв поглед изгледа како добра идеја. На крајот на краиштата, ова често се препорачува бидејќи лимоните побрзо се расипуваат на собна температура, додека во фрижидер можат да издржат околу три недели. Сепак, складирањето на овој начин е пожелно само во одредени ситуации.

Имено, лимонот не сака ниски температури. Ова овошје спаѓа во групата на цитруси и зрее на температура од околу 30 °C. Значи, ако незрелиот лимон се чува во фрижидер, ниските температури ќе го забават неговото созревање. Од друга страна, ако зрел лимон се стави во фрижидер, тој ќе ја изгуби својата арома поради ниските температури. А тоа значи дека кога сакате да го користите за цедење, готвење или печење, неговиот вкус значително ќе се намали. Следи дека на цели лимони нема место во фрижидер.

Сепак, истото не важи и за исечените лимони. Ваквите парчиња можете да ги чувате во фрижидер неколку дена, но задолжително ставете ги со исечената страна надолу на чинија. На овој начин ќе го успорите нивното сушење. Идеално е да ги чувате во горниот дел од фрижидерот, каде што температурата е пониска. Секако, тоа ќе влијае на аромата, но тоа е помалото од двете зла, бидејќи отворен лимон надвор од фрижидер пребрзо би се расипал.

Затоа, најдобро би било лимоните да ги чувате на темно место како подрум или оставата, но внимавајте плодовите да не се допираат – на овој начин, во случај на оштетување или расипување, ќе го спречите ширењето на мувлата. Исто така, можете да ставите весник под цитрусот, кој ќе ја впие влагата и исто така ќе спречи формирање на мувла.