Во древното минато, постот значел целосно воздржување од храна во тие денови, но подоцна се променил, па денес кога зборуваме за пост, мислиме на воздржување само од мрсна храна во текот на овие два дена.
Во овие денови луѓето постат во текот на целата година, со исклучок на Страсната седмица, неделата по Велигден. Веројатно сте слушнале дека петоците се пости заради децата, или дека родителите треба да постат и двата дена, заради потомството.Ова е уште една во низата христијански заблуди.
Среда е пост затоа што токму во среда Јуда го предаде Исус Христос. Ова е настанот што му претходеше на неговото мачеништво и поради тоа црквата ја одреди среда за ден на молитва и воздржување од мрсна храна.
Секој верник треба да пости во петок, бидејќи тоа е најтажниот христијански ден. Денот кога Исус Христос бил мачен и распнат на крст.
Во среда и петок се пости на вода, освен кога овие денови паѓаат на празник со црвена буква или светец чие име е запишано со задебелени букви во календарот. Во овој случај, дозволена е употреба на црвено вино и масло