Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Влажен бран носи многу дожд, ветер и застудување – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Под влијание на влажен бран утре и во понеделник ќе има врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат пообилни и поројни, особено утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник (наместа над 20 л/м2) и ќе бидат проследени со локална појава на ретки грмежи. Утре ќе дува засилен јужен ветер, (над 60 км/час). Локален слаб дожд ќе има и во вторник претпладне. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.

Прогноза за 12.02.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 13.02.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.02.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Спонзорирано: