Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Делегација од Движење ЗНАМ предводена од Максим Димитриевски положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Во чест на одбележување на 152 година од раѓањето на деецот и апостол на револуционерна Македонија Гоце Делчев, денеска делегација од Движење ЗНАМ – За наша Македонија предводена од Претседателот Максим Димитриевски положи свежо цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

“Гоце Делчев е Македонија, Македонија е Гоце! Македонија се сака, Македонија се чува, Македонија се брани! Среќен празник Македонци! 152 години мотив, идеологија, непокор… Сите ние сме Гоце, а тој е во секој од нас!” порача Димитриевски потсетувајќи се на неговото историско гостување во Бугарија на денешен ден пред 1 година, во „Говори сега“ на БНТ1 (Бугарската национална телевизија) во Софија на дебата со Христо Христов, внукот на Гоце Делчев, новинарот Костадин Филипов дописник на БНТ од Македонија и водителката Маја Костадинова, каде ја изнесе целата вистина.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +