Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Делегации од Град Скопје и јавните претпријатија положија свежо цвеќе на споменикот на Делчев

Делегации од Град Скопје и скопските јавни претпријатија предводени од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска положија свежо цвеќе на споменикот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев, по повод 152 годишнината од неговото раѓање.

„Гоце Делчев како еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и народен водач, со својата револуционерна дејност остави траен печат во македонската историја. Секоја година на овој ден се потсетуваме на неговиот завет, на љубовта кон татковината и на несебичната жртва за слобода, а споменот на неговите дела е континуирана инспирација која мотивира за градење на подобра иднина за сите“, напиша градоначалничката Данела Арсовска на ФБ.

Можеби ќе ве интересира

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

ДЕСК