Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИЈАТА Е НА НОЗЕ: Се трага по две 14-годишни девојчиња од Скопско

Полицијата е во потрага по две девојчиња од Скопско, пријавени од нивните семејства дека се оддалечиле од домот.

Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.М.(48) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Р.М.(14), за која се сомнева дека е со машко лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 21.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Т.(48) од с.Волково, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.Т.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана, а има и здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК