Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Ова се симптоми на низок крвен притисок, не ги игнорирајте

Многу се зборува за висок крвен притисок, но проблемите предизвикани од нискиот притисок често се занемаруваат.

Нискиот крвен притисок воопшто не е занемарлив за луѓето кои го имаат овој проблем. Нормалните вредности се 120/80, така што низок притисок е оној кој, наместо 120, е 90 или помалку.

Ако чувствувате вртоглавица, несвестица, замор, мачнина, главоболка, ако видот ви е заматен или дишете брзо и плитко, треба да го проверите крвниот притисок.

Она што можете да го направите за себе за да спречите или да си помогнете од пад на крвниот притисок е да пиете повеќе вода и да додадете натриум во вашата исхрана. Познато е дека дехидрацијата доведува до намалување на притисокот, така што дневниот внес на вода кај жените би бил околу 2,7 литри, а кај мажите 3,7.

Не треба да претерувате со натриум и дефинитивно треба да се консултирате со лекар, но не треба целосно да го исфрлите од исхраната.