Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во сообраќајна несреќа меѓу две возила во Скопје

Вчера, во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Тале Христов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) и патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н. констатирани во приватна болница во Скопје, додека со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, извести МВР.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК