Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Експлозија на плинска боца во Куманово, едно лице повредено

Регионалниот ЦУК Куманово информира дека денеска по 13.00 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК се добиени повеќе пријави за експлозија и пожар во станбен објект на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, по што веднаш од ЦУК се известени сите надлежни.

Пожарот бил последица од експлозија на плинска боца при што кумановските пожарникари интервенирале на два опожарени стана од 13:35 до 14:35 часот со едно ПП возило и пет пожарникари.

Дежурниот од Брза помош во Куманово во 15:01 часот извести до ЦУК дека интервенирале на санирање на повредите на едно лице, повредено при експлозијата и пожарот. Информација нема за други повредени лица при настанот. Повреденото лице, прво е однесено на хирургија во Општа болница Куманово каде што му е укажана прва помош. Состојбата била стабилна, но сепак, поради сериозноста на изгореници (што биле од втор и трет степен) лицето е пренесено на понатамошно лекување во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ВО БИТОЛСКА ФИРМА – УЈП наложила уплата од 501.765 денари, кривична пријава за управителот и компанијата

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРИВЕДЕ ВО СЕЛО ВО ГОСТИВАРСКО – Кај двајца 23-годишници пронајдена марихуана

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ОХРИД – „Пежо“ се судрило со велосипед, 73-годишна жена со тешки повреди

ДЕСК