Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија за три недели од грип починале шест лица: Сите биле невакцинирани

Шест лица починаа од грип во Северна Македонија за три недели, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

– Тоа не е мала бројка. Мислам дека сите беа невакцинирани. Некои од нив се во возрасната група над 65 години, некои од 25 до 65 години – рече Петличковски на прес-конференцијата по седницата на таа комисија.

Директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Милена Стевановиќ, изјави дека последниот смртен случај од грип е жена на возраст од околу 45 години со сериозни ризик од тешко заболување, со бројни коморбидитети, која починала на таа клиника.

– Седум лица заболени од грип во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника, пет со потврда, а двајца се на чекање. Шест лица се хоспитализирани со коронавирус – рече Стевановиќ.

Таа додаде дека бројките растат и за кратко време ќе го достигнат својот врв и затоа сите треба да бидат внимателни.

– Грипот може да биде сериозна болест и треба да се сфати сериозно. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против грипот и тоа треба да се има на ум – рече Стевановиќ.

Комисијата за заразни болести на Северна Македонија препорача да се носат маски во здравствените установи и домовите за заштита на старите лица.

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК