21. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Немате многу време за подготовка на ручек: Ова е најбрзиот начин да го одмрзнете меленото месо

Колку пати сте посакале да направите ќофтиња, сарма, полнети пиперки или мусака, но немате време да чекате да се одмрзне месото?

Кога однапред знаете дека ќе подготвувате јадење со мелено месо, најбезбедно е да го извадите од замрзнувачот најмалку 12 часа пред тоа и да го чувате во фрижидер до подготовка, за процесот на одмрзнување да биде безбеден како можно.

Потоа, кога сте во брзање, едно од решенијата може да биде и фрлањето на водоотпорна кеса со месо во сад со ладна вода.

Конечно, одмрзнувањето во микробранова печка со 50 проценти моќност за две или три минути е систем по кој понекогаш прибегнуваат домаќинките.

Но, во сите споменати ситуации месото побрзо ќе се одмрзне доколку го спакувате правилно пред да го ставите во замрзнувач.

За брзо и безбедно одмрзнување на меленото месо, потребно е да се стави во водоотпорна кеса и да се израмни што повеќе пред да се замрзне.

Колку е порамно и потенко пакувањето мелено месо, толку побрзо месото ќе се одмрзне кога ќе го извадите од замрзнувачот.