24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ДОАЃА ГОЛЕМ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО МАКЕДОНИЈА: Во петок пролетни температури до 18 степени, а во сабота ќе паднат за речиси 20! – Ова е деталната прогноза за следните 4 дена

Во четврток и петок ќе има повремен локален дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст.

Промена на времето ќе има во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе бидат од снег. Се очекува и формирање на снежна покривка и во некои пониски места.

Прогноза за 18.01.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 19.01.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во западните и северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а кон крајот на денот вдолж Повардарието од северен правец.

Прогноза за 20.01.2024
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 0°C до 8°C

Претежно облачно и значително постудено со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.