24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Данела Арсовска ќе биде нов лидер на “Нова Алтернатива”

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е нов претседател на партијата, Нова Алтернатива, соопштуваат од партијата. Оттаму најавуваат дека утре во 18 часот ќе има конвенција за промоција на Арсовска.

Настанот ќе се одржи во хотелот Континентал.

Неодамна, Арсовска најави дека ќе формира своја политичка партија, со цел да учествува на престојните избори. Таа наведе дека се во процес на формирање.

-Сме во една постапка да покажеме на граѓаните дека може различно од она кое што 30 години кога овие две политички елити само си ги менуваат позициите, а остануваат со истите ставови и едвај чекаат да ја зафатат фотелјата и да продолжуваат да го прават истото против кое претходно кажувале дека ќе се борат. Да им укажеме на нашите граѓани дека некој може да дојде и да работи поинаку, кажа Арсовска во дебатна емисија.

Таа истакна дека цврсто верува во „право, правда, правичност, еднаквост, неселективна борба со корупција и криминал“.

-Младите ни бегаат затоа што немаат правна сигурност, додаде градоначалничката.

На прашањето дали се гледа за лидер на таа партија, „градската мајка“ порача дека „пред се е човек со верување и своја идеологија, а таа се темели дека може да се работи чесно, праведно и правично“.

Дел од медиумите блиски до опозицијата објавија дека Арсовска ја презема партијата на Ѓорѓи Оровчанец – Нова Алтернатива. Повикувајќи се на нивните извори, Арсовска не можела да собере потписи за регистрација на нова партија.

Нова Алтернатива од 2008 година е во коалицијата предводена од СДСМ