24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

СНЕГ ЌЕ ТРУПА НИЗ МАКЕДОНИЈА, ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Метеоцентар со детална прогноза!

Утре и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, a на планините и повисоките места особено во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег од што ќе се зголеми снежната покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и понекаде краткотрајно од снег. Од утре ќе започне почесто да дува умерен до повремено засилен јужен ветер кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во најпрвин во постепен пораст, а дневните позначително кон крајот на работната недела.

Прогноза за 16.01.2024
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а на планините и во повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 17.01.2024
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 18.01.2024
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.