Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во Чаир, има уапсени (фото)

Претрес во скопски Чаир, пронајден хероин, приведен дилер

Денеска (08.01.2024) полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишија од слобода И.С.(46) од Скопје. Имено, по добиена судска наредба од страна на полициските службеници бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Чаир, при што биле пронајдени три пакувања со кафеава прашкаста материја (хероин) во вкупна тежина од околу 14 грама, дигитална вага и поголем износ пари.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК