25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Македонија ќе биде окована во студ и мраз, температурите ќе опаднат и до -8 степени: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Денес ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец,. Потоа следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури. Утре и во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 10.01.2024
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 11.01.2024
Минимална температура: -10°C до -4°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 12.01.2024
Минимална температура: -8°C до -2°C
Максимална температура: 2°C до 9°C

Утрото студено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.