23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството за упадот во М-НАВ: До судот ги приложивме сите докази за барањето за притвор

Обвинителството објави дека до Кривичниот суд ги приложиле сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени за упадот во М-НАВ да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и да го повторат делото, но и детално образложиле зошто изрекувањето само на мерки на претпазливост од страна на судот е неосновано.

Од Обвинителството велат дека во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, тие се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување.

Ракцијата на Обвинителството следи откако претходно денес Кривичниот суд обралозложуваше зошто донел мерки на претпазливост за осомничените, а не притвори како што побара Обвинителството.

Од судот тврдеа дека Основното јавно овинителство не доставило докази дека бил загрозен воздушниот сообраќај на 4 јануари, кога Беким Незири и уште седум лица упаднаа во Контролната кула, а контролор за летање беше натепан на работното место.

Според судот, во овој момент од доказите НЕ прозилегува дека осомничените со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт, или уништување или оштетување на уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај.

Судот заклучува дека според доставените докази произлегува оти осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контекст на наведеното кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање.

Во петокот, директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди го нарече упадот „мало кошкање како што има во секоја фирма“, а Владата најави дека на 9 јануари на редовна седница ќе го разреши целото раководство на М-НАВ.

Нападнатите контролори во моментот на нападот воделе 28 авиони на небото над Македонија.