Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Циклон доаѓа над Македонија: Обилни врнежи од дожд и снег, температурите драстично ќе опаднат – Метеоцентар со детална прогноза

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).

Утре во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови. Денес ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен (над 60 км/час), а од понеделник од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Прогноза за 08.01.2024
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и во повисоките места од снег. Попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 09.01.2024
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: -1°C до 6°C

Променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 10.01.2024
Минимална температура: -8°C до -2°C
Максимална температура: 0°C до 7°C

Сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +