Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка ја потресе Македонија: Двајца загинати по судир меѓу шкода и ауди

Денеска (05.01.2024) во 07.10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи), се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила: „ауди“ со странски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки, што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.

Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК