18.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења во повеќе градови низ Македонија

На 03.01.2024 во 09.50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода лице од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пиштол „EKOL Tuna“ и рамка со куршуми калибар 6.35мм, кои ги поседувал без дозвола. Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.01.2024 во 08.45 часот во село Лабуништа, струшко, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга и полициското одделение од струшкото село Велешта го приведоа лице од село Лабуништа. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот суд во Струга за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.

На 03.01.2024 околу 23.35 часот во гостиварска Долна Бањица, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар,лишиле од слобода 41-годишнник од ова село затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 04.01.2024 на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода три лица, сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај едниот била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.