Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Синоптичарите излегоа со детална прогноза – Какво време да очекуваме во првите денови од 2024? Од вторник промена!

Продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 01.01.2024
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Сончево со мала до умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми.

Прогноза за 02.01.2024
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 14°C

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, претежно во западните и северните делови. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 03.01.2024
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Попладне претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК