Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството ја доби обдукцијата за убиените Вања и Панче, наодите остануваат тајна за јавноста

По повеќе од половина месец, Јавното обвинителство извести дека ги добило наодите од обдукциите на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Пачне Жежовски.

Наодите, и покрај големиот интерес, остануваат тајна за јавноста во интерес на истрагата. Од Обвинителството велат дека некои делови од извештајот ќе бидат споделени со јавноста во моментот кога тоа ќе биде можно.

За двојното убиство првоосомничен е Љупчо Палевски, кој е во притвор во Труција. Во затворот во Шуто Оризари, пак, притворени се соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видоески, а со нив се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, осомничен дека помогнал во грабнувањето, и Стефан Димковски, кој го возел Палевски од Србија до Турција, осомничен за помагање сторител во извршено кривично дело.

Полицијата ги најде телата на убиените на 3 декември. Вања Ѓорчевска беше најдена во близина на Скопје по исказите на осомничените, а Панче Жежовски во близина на Велес.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК