6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Подгответе се за многу дожд и снег низ цела Македонија, но и силен пад на температурите: Метеоцентар со детална прогноза за временските услови следните денови

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат. Во сабота ќе има повремени врнежи претежно од снег и заради ниските температури локално ќе има услови за појава на голомразица. Утре и во сабота ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час). Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со појава на магла по котлините.

Прогноза за 16.12.2023
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: -1°C до 5°C

Променливо облачно со повремени врнежи претежно од снег, а поради ниските температури локално ќе има услови за појава на голомразица. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 17.12.2023
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: -2°C до 6°C

Утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 18.12.2023
Минимална температура: -10°C до -1°C
Максимална температура: 1°C до 9°C

Утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Спонзорирано: