27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За една година порасна бројот на Македонци што аплицирале за бугарски пасоши, има и од граѓани на Албанија и Србија

Двојно се пораснати вкупните барањата за добивање бугарско државјанство во последните три години, пишува „Бгнес“ повикувајќи се на податоци од Министерството за правда.

Така, во периодот од почетокот на јануари до 24 ноември годинава поднесени се 75.805 барања.

Податоците во периодот од јануари 2020 година до крајот на ноември годинава укажуваат на двоен раст на барањата за државјанство: во 2020 година биле вкупно 11.447, во 2021 година – 20.094, во 2022 година 20.825 и во оваа година вкупно 23.439.

Најголем број барања за добивање бугарско државјанство доаѓаат од државјани на Македонија. Во пандемијата на Ковид-19 во 2020 година тие биле 2.551, во 2021 година – 3.428, во 2022 година 2.051 Македонци побарале да станат Бугари, а во 2023 – 2.990.

Граѓаните на Украина се рангирани на второто место, а нивниот број се удвојува за две години, веднаш по војната со Русија. Така, во 2020 година бугарско државјанство бараат 1.886 Украинци, во 2021 година – 3.133, во 2022 година –- 4.508, а во 2023 година – 3.141.

Драстично зголемување забележуваат и граѓаните на Република Турција, а за три години нивниот број скокнал речиси десет пати. Во 2020 година 660 граѓани поднеле барање за државјанство, а во 2023 година нивниот број се зголемил на 5.935 лица.

Постојан интерес за стекнување бугарско државјанство покажуваат и граѓаните на Молдавија, Албанија и на Србија, а за три години бројот на Молдавци се намалил – од 2.068 во 2020 година на 1.518 во 2023 година; кај Албанците се удвоил – од 1.022 во 2020 година на 2.992 во 2023 година; а кај Србите – од 800 во 2020 година на 1.151 годинава.

Многу баратели за бугарско државјанство поднесуваат фалсификувани и лажни документи, информираат од бугарското Министерство за правда.