27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ќе отвориме и македонска паралелка во албанско училиште во општина Чашка, вели Шаќири

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, рече дека во Општина Чашка ќе отвори и македонска паралелка во албанско училиште откога родители на деца од училиштетото „Тодор Јанев“ во оваа општина му предложиле децата за кои тој даде согласност да учат на албански јазик во новоформирана паралелка да учат на мајчин јазик во селото Сливник.

Се работи за четири деца, кои, ако сакаат да учат на мајчин јазик, што им следува според Уставот, да не учат во истиот простор, туку во населено место Сливник во Велес.

„Како да прифатам за четири ученици да патуваат затоа што некој сака и прави проблем за образовниот процес, нема да го прифатам тоа“, истакна Шаќири, но рече дека ќе продолжи да бара решение што не сака да биде сфатено како политика затоа што во општина Чашка коалираат СДСМ и ДУИ исто како и на централно ниво.

„Ако тие даваат предлог според кој децата имаат право да учат на мајчин јазик, јас ќе го прифатам. Им реков ако сакате и барате да се отвори македонска паралелка во Долно и Горно Јаболчиште, каде што најголем дел или 100 % се албански деца, не е проблем – ќе отвориме. Ние наместо за меѓуетничка интеграција да зборуваме, кај нас има уште училишта што не им го дозволуваат уставното право на децата“, додаде Шаќири.