Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Студен и влажен бран кој носи дожд и снег надоаѓа накај Македонија: Метеоцентар со долгорочна прогноза за времето

До четврток ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по котлините. Утре претпладне во западните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурата насекаде ќе опадне.

Прогноза за 13.12.2023
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, кој наместа ќе засилува.

Прогноза за 14.12.2023
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Претпладне променливо облачно, попладне и во текот на ноќта облачно со врнежи од дожд, на места пообилни. Само на највисоките врвови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 15.12.2023
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 4°C до 9°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК