Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

ЦЕЛАТА ЛИСТА ДОСТСАПНА НА ИНТЕРНЕТ: Објавен список со имиња на фирми и луѓе кои должат данок кон УЈП

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2023 за долгови доспеани до 31.08.2023 и неплатени до 30.11.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2023 изнесува 9.057.552.829 денари, (помалку за 9.536.125 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.850.083.544денари, (помалку за 50.205.117 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 207.469.285 денари (повеќе за 40.668.992 денари од претходната листа).

Листата е достапна на следниов линк.

Можеби ќе ве интересира

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ДЕСК

Пазарот на недвижности пораснал за 15 отсто – Аеродром со најмногу продажби, Кисела Вода со најголем скок на цените

C +

Праведната транзиција ќе успее само ако ја водиме заедно со работниците, општините, со заедниците – Божиновска на Националниот настан за Локалните економско-социјални совети

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.