Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Силен ветер, па дожд и снег – Метеоцентар со детали за следните 4 дена

Утре ќе дува засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во недела во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде ќе има услови за појава на магла.

Прогноза за 09.12.2023
Минимална температура: -6°C до -1°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер.

Прогноза за 10.12.2023
Минимална температура: -5°C до 0°C
Максимална температура: 5°C до 11°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег.

Прогноза за 11.12.2023
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Можеби ќе ве интересира

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

ДЕСК

Тепачка во Центар по полноќ: Двајца млади скопјани завршија во полициски билтен

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на влашката заедница

ДЕСК