Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД АВТОМОБИЛОТ ВО КОЈ ЈА КИДНАПИРАА ВАЊА: Цитроен со голема брзина по селски пат, a две лица во возилото и мистериозен предмет на задното седиште (ВИДЕО)

Според новинарот Фуркан Салиу, на снимката се гледа кога и како девојката дошла во селото Бразда, и точното време кога било запалено возилото. Низ оваа прометна улица околу 7 часот и 55 минути поминува автомобил, додека околу 9 часот и 37 минути возилото било опожарено.

Автомобилот е снимен како брза кон селото Бразда, во моментот кога се наоѓал во Визбегово, кое е оддалечено околу 15 минути од местото каде што е пронајдено телото на Вања. Не се знае дали во возилото биле киднапираните Вања, Љупче или некој од останатите осомничени.

На видеото се гледа дека во „цитроенот“ имало возач и сопатник, со црни капи, но и дека задниот дел од возилото изгледа празен, иако се гледа нешто што наликува на бела торба.

Камерата која е поставена на приватен имот покажува како прво поминува возилото Рено Канго, а потоа украдениот Цитроен.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК